ИСТИНА |
Войти в систему Регистрация |
|
ИСТИНА ПсковГУ |
||
Речникот на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања (1961-1966) на Тодор Димитровски, Благоја Корубин и Трајко Стаматоски под редакција на Блаже Конески одигра клучна улога во кодификацијата на лексичкиот фонд на македонскиот литературен јазик и ги постави темелите на современата македонска лексикографија. Трудот ја изврши стилистичката диференцијација на македонската лексика, го поттикна процесот на формирањето на националната терминологија, ги утврди механизмите на толкување на значењата на лексемите. Тој послужи како основа за создавање на многу речници што следеа. Речникот останува важен извор за проучување на македонскиот зборовен фонд, како и за изучување на македонската лексика во развој. Не помалку е важно дека тој ни служи како пример на односот на авторите кон јазичната материја и како инспирација за понатамошен развој на македонската лексикографија.